Драги посетители,
Чест ни е да Ви соопштиме дека нашето училиште стана дел од Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство’’ и Фондацијата за образовни и културни инцијативи „Чекор по чекор’’ – Македонија. Според објавените резултати од процесот за селекција на основни училишта кои ќе се вклучат во активностите на овој проект нашето училиште е избрано меѓу првите 20 од вкупен број на 190 апликации од основни училишта од 65 општини од сите региони во државата. Комисијата за оцена на апликациите одбра вкупно 60 училишта кои ќе бидат вклучени во проектните активности во 3 фази до крајот на Проектот, и тоа последователно по 20 училишта во секоја фаза. Пилот фаза – Училишта кои ќе се вклучат во проектните активности во текот на 2013 се:
0 Comments
|