Драги посетители,
Чест ни е да Ви соопштиме дека нашето училиште стана дел од проектот со наслов „Проект за европски паметни училишта“ поддржан од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во рамките на Програмата Еразмус+, Клучна акција КА101 – Мобилност на наставен кадар во училишно образование, Овој проект отвора можности за обука за наставен кадар во Барселона, Шпанија, што ќе се реализира во период од 3 до 10 ноември 2018 г., и за обука за наставен кадар во Истанбул, Турција, што ќе се реализира од 09 до 16 февруари 2019 г. Овие обуки овозможуваат личен професионален развој на наставниот кадар со цел подобрување и унапредување на наставниот процес при реализација на наставниот план и програма.
0 Comments
|