Драги посетители,
Чест ни е да Ви соопштиме дека нашето училиште стана дел од проектот со наслов „Училишта на иднината“ поддржан од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во рамките на Програмата Еразмус+, Клучна акција КА101 – Мобилност на наставен кадар во училишно образование, Овој проект отвора можности за обука за наставен кадар во Броло, Италија, што ќе се реализира во период од 18 до 25 ноември 2017 г. и за обука за наставен кадар во Софија, Бугарија, што ќе се реализира од 26 ноември до 03 декември 2017 г. Овие обуки овозможуваат личен професионален развој на наставниот кадар со цел подобрување и унапредување на наставниот процес при реализација на наставниот план и програма.
0 Comments
|