ООУ„Симче Настовски“ Вратница се вклучи во регионалниот проект „Безбедни училишта и градинки “ - Развивање на он-лајн платформа за безбедни и добро подготвени основни училишта и детски градинки. Проектот го спроведува Црвен крст на Република Северна Македонија а e поддржан од ЕРАЗМУС+ програмата. Црвениот крст на Република Северна Македонија континуирано работи на зајакнување на капацитетите на образовните институции и намалување на ризиците од катастрофи. За таа цел, во рамките на регионалниот проект „Безбедни училишта и градинки“ поддржан од ЕРАЗМУС+ програмата беа подготвени Европски и Национални препораки за застапување за намалување на ризици од катастрофи, прва помош и психосоцијална поддршка во случај на катастрофи во образовни институции.
0 Comments
ООУ ,,Симче Настовски“ - Вратница е добитник на грант за реализација на активности кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранција поддржан од Министерство за образование и наука на Република Северна Македонија. Проектот ќе се реализира во партнерство со ООУ„Илинден“ од Крива Паланка.
|