Грант од МОН за реализирање на активности за меѓуетничка интеграција и толеранција во образованието7/2/2018 Нашето училиште аплицираше со две апликации на Јавниот повик за доделување на средства за реализација на активности кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикулурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранција во основните и средните училишта од Министерството за образование и наука и ги доби двата гранта.
Основната цел на овие грантови е промовирање на добрите практики за активности во кои се негуваат хармонични односи кои се темелат на почитување на разликите, и притоа градејќи едно мултиетничко и мултикултурно општество со што се овозможува градење на современи, успешни и ефективни воспитно-образовни установи кои ќе ги промовираат мултиетничките и мултикултурните вредности, индивидуализираниот пристап кон учениците, позитивна емоционална клима и конструктивна повеќенасочна комуникација во пријатен и поттикнувачки училишен амбиент.
0 Comments
Драги посетители,
Чест ни е да Ви соопштиме дека нашето училиште стана дел од проектот со наслов „Училишта на иднината“ поддржан од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во рамките на Програмата Еразмус+, Клучна акција КА101 – Мобилност на наставен кадар во училишно образование, Овој проект отвора можности за обука за наставен кадар во Броло, Италија, што ќе се реализира во период од 18 до 25 ноември 2017 г. и за обука за наставен кадар во Софија, Бугарија, што ќе се реализира од 26 ноември до 03 декември 2017 г. Овие обуки овозможуваат личен професионален развој на наставниот кадар со цел подобрување и унапредување на наставниот процес при реализација на наставниот план и програма. Грант за реализирање на активности за меѓуетничка интеграција и толеранција во образованието3/2/2017 Нашето училиште доби Грант за реализирање на активности за меѓуетничка интеграција и толеранција во образованието.
Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, во соработка со Отворените забавни фудбалски школи, по четврти пат организираше дводневна обука за наставници-обучувачи за заеднички ученички спортски и забавни активности. На обуката, што се одржа во Струмица, од нашето училиште учествуваа тројца наставници и психологот. Целта на обуката беше да се развијат вештини и експертиза кај наставниците за планирање и спроведување на рекреативни активности во нашето училиште. По обуката, заедно со учениците од различни етнички заедници пред нивните одделенски наставници, во нашето училиште се изведе дисемнација од страна на тројцата наставници и психологот, охрабрени и подржани од тимот на ПМИО. Се истакна и се промовираше тимска работа и фер однос помеѓу играчите. Целта со учениците беше постигната: учениците од различните етнички заедници токму преку спортските и забавните активности комуницираа, се дружеа и се забавуваа. Драги посетители, Чест ни е да Ви соопштиме дека нашето училиште стана дел од Проектот Градиме Мостови - “Building Bridges” (BB) кој е заеднички проект на Министерството за образование и наука, Швајцарската амбасада и Мисијата на ОБСЕ во Скопје и негова цел е да ја зголеми интеракцијата, разбирањето и интеграцијата во училишната средина. Овој проект отвора можности за општините, учениците, наставниците, родителите и училиштата кои сакаат да организираат заеднички активности со ученици од сите свои заедници, а кои следат настава на различни наставни јазици.
Драги посетители,
Чест ни е да Ви соопштиме дека нашето училиште стана дел од Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство’’ и Фондацијата за образовни и културни инцијативи „Чекор по чекор’’ – Македонија. Според објавените резултати од процесот за селекција на основни училишта кои ќе се вклучат во активностите на овој проект нашето училиште е избрано меѓу првите 20 од вкупен број на 190 апликации од основни училишта од 65 општини од сите региони во државата. Комисијата за оцена на апликациите одбра вкупно 60 училишта кои ќе бидат вклучени во проектните активности во 3 фази до крајот на Проектот, и тоа последователно по 20 училишта во секоја фаза. Пилот фаза – Училишта кои ќе се вклучат во проектните активности во текот на 2013 се: Од јуни 2013 г. нашето училиште е вклучено во Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието. Почнувајќи од учебната 2013 / 2014 г. во училиштето се спроведуваат низа активности за меѓуетничка интеграција помеѓу учениците од нашето училиште, но спроведени се и повеќе активности со партнер - училиштата. Училиштето има склучено партнерство со следните училишта: ООУ „Славко Лумбарковски“ - Новаци, ООУ „Илинден“ - Крива Паланка и ООУ „Кочо Рацин“ - Прилеп.
Како резултат на успешно реализираните активности училиштето го доби Големиот грант на проектот за реновирање на училиштето, преку кој беше изградено спортско игралиште во ПУ Јажинце, беа реновирани трибините на игралиштето во ЦУ Вратница и беа поправени подовите во ПУ Орашје. Петгодишниот проект на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието работи на зголемување на разбирањето кај пошироката јавност за придобивките за сите граѓани што произлегуваат од интегрирањето на образовниот систем во Р. Македонија. Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието работи на создавање на политичка, социјална и економска клима потребна за Македонија да постигне одржлива интеретничка интеграција во училиштата, во останатите образовни институции, па и во целото општество. Во фокусот на проектните активности се учениците, родителите, наставниците, администрацијата и членовите на училишните одбори во сите основни и средни училишта во Р. Македонија. Притоа, советниците од Бирото за развој на образованието и просветните инспектори на државно и регионално ниво исто така имаат централна улога во постигнувањето на одржлива промена и учествуваат во активностите за јакнењето на способностите. За успех на Проектот потребно е сите заинтересирани учесници од училиштата, заедниците и локалната власт да учествуваат во овие активности. Нашиот пристап во имплементирањето на Проектот создава средина во која сите страни активно учестуваат во оваа иницијатива. Тие ја разбираат важноста на меѓуетничката интеграција во образованието и кон овој Проект да се однесуваат одговорно и отчетно сѐ со цел да се постигне успех. Постигнувањето и одржувањето на меѓуетничка интеграција во образованието е еден комплексен и долгорочен процес. Препознавајќи го ова, Проектот ги вклучи главните заинтересирани учесници во сите активности, така што во текот на Проектот тие ја преземаат одговорноста за постигнување на проектните цели и се двигатели на одржлива промена. Со планот на Проектот, исто така, внимателно се прави редослед на активностите, така што во секоја фаза се градат способности потребни за фазите што следат. Најважно е подобрувањето на меѓуетничката комуникација и надминување на етничките, културолошките и јазичните препреки. |