Во рамките на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, на 10 и 11 февруари 2017 г. во Струга се одржа конференција за споделување на добри практики за одржување на училишните објекти. На конференцијата беа присутни претставници од општините, директори, секретари и технички персонал од училиштата во Р Македонија кои беа реновирани. Посебен осврт на конференцијата беше даден на работните процедури за одржување на училишните објекти и одржувањето на системите за греење. Значењето на ефективното одржување на училишните објекти се состои во обезбедувањето на безбедна и здрава физичка средина во училиштето, нормално функционирање на наставата, продолжен век на користење на училишните објекти и училишната опрема, зголемена енергетска ефикасност, финансиски порационално одржување и намалени оперативни трошоци. Нашето училиште преку овој проект доби финансиски средства за реновирање на трибините на спортското игралиште во ЦУ Вратница, изградба на спортското игралиште во ПУ Јажинце, менување на подовите во училниците во ПУ Орашје. Општина Јегуновце учествуваше со 15 проценти од вкупниот грант така што се набави и се монтираше котел во ЦУ Вратница, се огради спортското игралиште во ПУ Јажинце. Училиштето, пак, учествуваше со работна сила и со финансии според можностите. На крајот од конференцијата на сите учесници од тимовите за реновирање во училиштата и општините им беа доделени сертификати за учество.
0 Comments
|
Категории
All
Архива
March 2024
|