Денес одбележуваме 80 години од смртта на патронот Симче Настовски. Учениците предводени од своите наставници се потрудија на пригоден начин да му оддадат почит со повеќе активности за кои посветено се подготвуваа. Одбележувањето на патрониот празник започна со положување цвеќе на гробот и на бистата на Симче Настовски каде што беше прочитан и реферат посветен на неговиот живот. Креативното, инспиративно и весело детско творење го прикажавме на културно - уметничката програма. По повод патрониот празник на свечен начин им беа доделени дипломи на учениците кои минатата година ги освоија на регионални и државни натпревари. Културно - забавната програма ја збогатија настапите на нашите гости: КУД ,,Кирил Пејчиновиќ " од Теарце и КУД ,,Извор " од Јегуновце.
0 Comments
Денот на училиштето пригодно одбележан со почитување на протоколите и мерките за заштита. Изработки на учениците од IV и V одд.- ЦУ Вратница по повод Патрониот празник на училиштето Punime të nxënësve të kl IV dhe V- të SHQ Vratnicë me rastin e Patronazhit të shkollës Активности на учениците од IV и V одд.- ПУ Рогачево по повод Патрониот празник на училиштето Aktivitete të nxënësve të Kl IV dhe V -të, SHP Rogaçevë me rastin e Patronazhit të shkollës Изработки на учениците од ПУ Јажинце по повод Патрониот празник на училиштето Punime të nxënësve të SHP Jazhincë me rastin e Patronazhit të shkollës Програма за патрониот празник на ООУ „Симче Настовски“ Вратница Programi për patronazhin e shkollës së SHF „Simçe Nastovski“ Vratnicë • 09 : 00 Фудбалски натпревар помеѓу екипи од ООУ „Симче Настовски“ и ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ Теарце Ndeshje futbollistike mes ekipeve të SHF „Simçe Nastovski“ dhe SHF „Kiril Pejçinoviq“ Tearcë • 10 : 00 Положување цвеќе на гробот и бистата на Симче Настовски Vendosja e luleve bustit të Simçe Nastovskit • 10 : 30 Положување цвеќе на споменикот во непосредната околина Vendosja e luleve • 12: 00 Културно-уметничка програма Program kulturor-artistik Учениците од литературните секции од ЦУ Вратница и ПУ Јажинце во мешан етнички состав учествуваа на литературно читање по повод патрониот празник на ООУ „Александар Здравковски“ - Јегуновце. По повод Патрониот празник на училиштето наставниците од ООУ „Симче Настовски“ - Вратница го посетија училиштето во кое работел Гоце Делчев и неговата Спомен соба во Ново село, а потоа и музејот о Споменикот на Евреите во Штип. Со пригодна свеченост денеска се одбележа Патрониот празник на нашето училиште. Активностите започнаа со положување букети со свежо цвеќе на гробот и бистата на Симче Настовски, а потоа и на споменикот на паднатите борци во близина на училиштето. Потоа се одиграа неколку фудбалски натпревари помеѓу екипа од нашето училиште и екипите на ООУ „Александар Здравковски“ - Јегуновце и ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ - Теарце. На 20 октомври 2016 г. ООУ „Симче Настовски“ - Вратница го одбележа својот патронен празник На Бистата на Симче Настовски - положено цвеќе. Литературно читање - ученици од ЦУ Вратница, ПУ Јажинце, ОУ ,,Александар Здравковски" Јегуновце и ОУ,,Шемшово" Шемшово. Натпревар во фудбал помеѓу мултиетничкиот тим од училиштето и тимот на ОУ,,Александар Здравковски" Јегуновце. Кафе дружба Денес во ОУ „Симче Настовски“ - Вратница беше одбележан Патрониот празник на училиштето. Одбележувањето започна со положување свежо цвеќе на бистата на Симче Настовски во дворот на училиштето од страна на делегација од училиштето, градоначалникот на Општина Јегуновце и претставници од Сојузот на борци. Учениците прочитаа реферат за животот на Симче Настовски и свои лични творби посветени на патронот. Почит беше оддадена и на борците од Вратничкиот крај кои го дале својот живот за нашата слобода на споменикот во непосредна близина на училиштето каде што исто така беше прочитан реферат. Празнувањето продолжи со фудбалски натпревар помеѓу учениците од нашето училиште во мешан етнички состав и екипа на ОУ „Александар Здравковски“ од Јегуновце. Учениците од нижите одделенија се натпреваруваа во „Игри без граници“. |
Категории
All
Архива
March 2024
|