Учениците од IV и V одд. од македонски и албански наставен јазик присуствуваа на завршниот настан за спортски активности и забавни игри за интегрирање на децата и младите во рамките на ПМИО што се одржа во спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип.
0 Comments
На 28.10. 2016 г. во рамките на ПМИО во ПУ Јажинце беа спроведени активности за меѓуетничка интеграција со учениците од партнер училиштето ООУ „Илинден“ од Крива Паланка. Учениците од ООУ „Симче Настовски“ - Вратница во мешан етнички состав заедно со своите наставници по македонски, албански, англиски јазик и информатика изработија мултиетнички училиштен е - весник, кој беше презентиран на патрониот празник на училиштето. На 20 октомври 2016 г. ООУ „Симче Настовски“ - Вратница го одбележа својот патронен празник Над 600 ученици од 27 училишта ширум земјава меѓу кои и нашето, присуствуваа на ден на песни, танцови, театарски претстави и спортски игри како дел од настанот на Фондот „Градиме мостови“, во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје на 02.10.2016 год. Музичарите и членовите на советот на Фондот, Ребека и Тони Зен, заедно со составот Флека и натпреварувачка на Икс-Фактор Албанија, Канита Сума, настапија пред публиката. Додека шефот на Мисијата на ОБСЕ Нина Суомалаинен, министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу и холандскиот амбасадор Воутер Пломп зборуваа за новите генерации кои со помош на овој проект градат нови мостови меѓу различните јазици и заедници, кои водат кон интегрирана и посветла иднина. |
Категории
All
Архива
March 2024
|