Одржан успешен втор час - математика со размислување во V одд.
0 Comments
Денес во ОУ „Симче Настовски“ - Вратница беше одбележан Патрониот празник на училиштето. Одбележувањето започна со положување свежо цвеќе на бистата на Симче Настовски во дворот на училиштето од страна на делегација од училиштето, градоначалникот на Општина Јегуновце и претставници од Сојузот на борци. Учениците прочитаа реферат за животот на Симче Настовски и свои лични творби посветени на патронот. Почит беше оддадена и на борците од Вратничкиот крај кои го дале својот живот за нашата слобода на споменикот во непосредна близина на училиштето каде што исто така беше прочитан реферат. Празнувањето продолжи со фудбалски натпревар помеѓу учениците од нашето училиште во мешан етнички состав и екипа на ОУ „Александар Здравковски“ од Јегуновце. Учениците од нижите одделенија се натпреваруваа во „Игри без граници“. Во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието сите ученици од ОУ „Симче Настовски“ од македонски и албански наставен јазик имаа заеднички излет во Лешочкиот манастир. Посетен час за сертификација -математика со размислување- V одд. во ОУ ,,Симче Настовски,, Вратница. Наставниците од ОУ,,Симче Настовски“ Вратница инвестираат во својот професионален развој. Втор ден од обуката - 03.10.2014 год. Прв ден од обуката - 02.10.2014 год. Доделени сертификати за успешно завршени две обуки: 1. ИЗРАБОТКА НА ДИГИТАЛНИ НАСТАВНИ МАТЕРИЈАЛИ 2. ТЕХНИКИ НА УЧЕЊЕ И НАСТАВА, НОВИ МЕТОДИ, ИНТЕРАКТИВНО УЧЕЊЕ И НАСТАВА Доделени сертификати за успешно завршена обука: 1. ТЕХНИКИ НА УЧЕЊЕ И НАСТАВА, НОВИ МЕТОДИ, ИНТЕРАКТИВНО УЧЕЊЕ И НАСТАВА |
Категории
All
Архива
March 2024
|