На втората заедничка средба учениците и менторите од ПОУ Јажинце и од ООУ Илинден“ Крива Паланка од проектот за Меѓуетничка интеграција финансиран од МОН се претставија во училишниот хол со традиционална македонска и албанска свадба, а во наставничката канцеларија беше поставена трпеза со традиционални вкусни јадења подготвени од наставниците од ПОУ Јажинце.
Извадок од традиционална македонска свадба и од традиционална албанска свадба
0 Comments
Наставниците и учениците после наставата презедоа акција за пролетно разубавување и естетско уредување на холот во ПОУ Јажинце. Благодарност за иницијативата на наставниците: Хасиме Џафери, Селвије Селмани, Бадеме Шимшиу, Абибе Адили, Шабан Мустафи, Хамијете Гафури, Адиљ Мемиши, Амире Максути, Јумни Бејтули, Сефедин Шаќири, а да не ја заборавиме и големата поддршка на техничкиот персонал. Првата заедничка средба се одржа во ООУ „Александар Здравковски“ Јегуновце со учениците од Јегуновце и од ПОУ Јажинце поделени во четири групи во мешан состав со еднаква полова и национална застапеност. Учениците заеднички твореа, цртаа и сликаа на тема со мотив „Како го замислувам Мирот“, изработуваа цветови од хартија и имаа спортски активности со забавни игри. Полициски службеник во деветтите паралелки во ЦОУ Вратница и во ПОУ Јажинце одржа предавање на тема ,,Злоупотреба од дрога и наркотични средства" и ,,Правата на децата" ООУ„Симче Настовски“ Вратница Општина Јегуновце се вклучи во „Светскиот ден на акција 2018“ со осмислени иновативни идеи за подигање на свеста за создавање на позитивни промени. Акцијата беше спроведена за време на редовна настава по предметот ликовно образование со следните активности:VII одд. од ликовното подрачје графика учениците во техника монотипија на тема „Детаљ од чистата природа“ изработуваа креации по сопствено видување.VIII одд. од ликовното подрачје сликање учениците во техника темпера со мотив „Пејсаж од мојот крај“ изработуваа слики автентични на нивниот роден крај.IX одд. од ликовното подрачје сликање учениците во техника акрил на платно и мурал на зид на тема „ за поубаво еко училиште“ изработуваа слики со мотиви од природата #globalactiondays #GlobalGoals Учениците од деветтите одделенија во мешан етнички состав под менторство на наставниците по физичко образование Мирче Николоски и Јумни Ајети два дена учествуваа на натпревар во мал фудбал во ПСУ „Јахја Кемал“ Боговиње. Час за меѓуетничка интеграција во ПОУ Рогачево со учениците од ПОУ Горно Орашје. Денес учениците и наставниците од ПОУ Јажинце кои учествуваат во проектот за Меѓуетничка интеграција и толеранција финансиран од Министерството за образование и наука заедно со директорката и психологот остварија прва заедничка средба со учениците и наставниците, директорката и психологот од партнер-училиштето ООУ „Илинден“ од Крива Паланка и започнаа со првата активност за подготовка на традиционална македонска и традиционална албанска свадба од родниот крај. Мешаната група ученици од петто до деветто одделение истражуваа и се договараа за традиционалните македонски и традиционалните албански обичаи, песни, храна и носии и ги вежбаа ората од паланечкиот и од тетовскиот крај. Моќта на поезијата е она вистинското, она што секогаш упатува безвременски пораки. Најдлабоките и најскриените чувства може да се искажат единствено преку поетскиот збор. Учениците своите емоции ги пренесуваат преку творење лични творби со различни мотиви. Од тој сој беше и нашата Магде. И таа многу го сакаше поетскиот збор. Твореше постојано и на секоја тема. Во нејзина чест, а по повод нејзиниот роденден, денес во нашето училиште членовите на Литературната секција од училиштето-домаќин „Симче Настовски“ од централното општинско училиште Вратница и од подрачното општинско училиште Јажинце, како и членовите на Литературните секции од ООУ „Александар Здравковски“ од Јегуновце, ООУ „Андреа Савески-Ќиќиш“, ООУ „Кирил и Методиј“ и од ООУ „Братство-Миѓени“, сите од Тетово, ги прочитаа своите лични творби. Ја повикаа публиката и белите ангели да ги слушнат нивните стихови, и заедно со нашата Магде да се обидат да ги разберат нивните чувства, да ги излечат нивните копнежливи срца, да притрчаат напомош во љубовните болки. На крајот се заблагодаривме на вниманието на присутните и изразивме покана и следната година на овој ист датум, 12 април, роденденот на Магде, повторно да бидат наши најмили гости. Го одбележавме 2 Април – Светскиот ден на аутизмот со видеозапис под наслов „Зголеми ја свесноста, едуцирај ја својата околина“ и отворивме дискусија со учениците од којашто се развија плодни сознанија за аутизмот, како да го препознаваат, како да се однесуваат кон тие лица и како да ја понудат својата помош ако е потребна. |
Категории
All
Архива
March 2024
|