Моќта на поезијата е она вистинското, она што секогаш упатува безвременски пораки. Најдлабоките и најскриените чувства може да се искажат единствено преку поетскиот збор. Учениците своите емоции ги пренесуваат преку творење лични творби со различни мотиви. Од тој сој беше и нашата Магде. И таа многу го сакаше поетскиот збор. Твореше постојано и на секоја тема. Во нејзина чест, а по повод нејзиниот роденден, денес во нашето училиште членовите на Литературната секција од училиштето-домаќин „Симче Настовски“ од централното општинско училиште Вратница и од подрачното општинско училиште Јажинце, како и членовите на Литературните секции од ООУ „Александар Здравковски“ од Јегуновце, ООУ „Андреа Савески-Ќиќиш“, ООУ „Кирил и Методиј“ и од ООУ „Братство-Миѓени“, сите од Тетово, ги прочитаа своите лични творби. Ја повикаа публиката и белите ангели да ги слушнат нивните стихови, и заедно со нашата Магде да се обидат да ги разберат нивните чувства, да ги излечат нивните копнежливи срца, да притрчаат напомош во љубовните болки. На крајот се заблагодаривме на вниманието на присутните и изразивме покана и следната година на овој ист датум, 12 април, роденденот на Магде, повторно да бидат наши најмили гости.
0 Comments
Leave a Reply. |
Категории
All
Архива
March 2024
|