Здружението „Среќен живот“ - Тетово им подари новогодишни пакетчиња на учениците со посебни потреби. Во нашето училиште денеска се одржа Новогодишен хепенинг кој се состоеше од: новогодишен панаѓур, приредба и пречекување на Дедо Мраз. Како и секоја година, така и оваа градоначалникот на Општина Јегуновце, Тони Коцески, им подари новогодишни пакетчиња на учениците со ПП од ОУ „Симче Настовски“. Радоста и насмевките на нивните лица беа огромни. А како благодарност тие му подарија новогодишна честитка која сами ја изработиле. Денеска во нашето училиште беше одржано предавање од страна на МВР - Гранична полиција за безбедно прославување на новогодишните празници. Тие им укажаа на учениците за штетните последици и опасностите од употреба на петарди и пиротехнички средства. Учениците од I до IX одд. од ОУ „Симче Настовски“ - Вратница заедно со своите наставници и со техничкиот персонал го уредуваа училишниот двор засадувајќи украсни дрвца. Во рамките на Проектот „Со читање до лидерство“ Заедницата за учење заедно со родителите на работилница создаваа средина за учење. Среќа и радост на лицата на нашите дечиња. За своите другарчиња учениците подготвија драма и не насмеаја сите. Со подароци ги израдува Градоначалникот на Општина Јегуновце, Тони Коцески, а подарок добија и од претставниците на Хербалаиф. Работилница: Изработка на алки Учениците од I-V од ЦУ Вратница заедно со учениците од п.п. изработуваа алки - во пресрет на Денот на хендикепирани. |
Категории
All
Архива
March 2024
|