Во рамките на проектот „Градиме мостови“ денес во училиштето се одржа Мултиетнички новогодишен хепенинг кој се состоеше од Новогодишен панаѓур и Мултиетничка приредба. Мултиетнички новогодишен панаѓур Мултиетничка новогодишна приредба
0 Comments
„И оваа година не не заборави!“ - беше реакцијата на учениците од Посебната паралелка кога го дочекаа градоначалникот на Општина Јегуновце, Тони Коцески. Тој, како и секоја година, им подари новогодишни пакетчиња, а тие за возврат му подарија новогодишна честитка која сами ја изработија и испеаа новогодишна песна. Ученичките од ЦУ Вратница и ПУ Јажинце се подготвуваат за новогодишна ритмичка точка за заедничката приредба по повод Новата Година. Учениците од ЦУ Вратница и ПУ Јажинце подготвуваат новогодишна драма за заедничката приредба по повод Новата Година. Работилница со родители и ученици од I, II и III одд. од ЦУ Вратница за изработка на новогодишни украси. Мултиетничка работилница за изработка на новогодишни украси со ученици од Вратница и Јажинце. Родителите од централното училиште и сите подрачни училишта заедно со наставниците изработуваа сликовници - на работилница во рамките на проектот „Со читање до лидерство“ кој го спроведува „Чекор по чекор“ а го финансира УСАИД. Учениците од V одд. од ЦУ вратница и ПУ Јажинце изработуваат новогодишни украси. Учениците од IV одд. од ЦУ вратница и ПУ Јажинце изработуваат новогодишни украси. На Денот на општината - Општина Јегуновце ги награди најуспешните ученици со парична награда од 3000 денари како знак на општествено признание за посебни достигнувања во образованието, спортот и промоција на општината. Учениците од ЦУ Вратница и ПУ Јажинце подготвуваат мултиетничка драма за Нова Година. Учениците од ПУ Старо Село, Рогачево, Орашје и Д. Орашје заеднички изработуваа новогодишни украси Вклучување во Кампањата: СТОП за родовото и семејното насилство која ја спроведува ЖЕНСКА ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА АНТИКО . Во училиштето е одржана работилница со учениците од 7, 8 и 9 одделение на тема: Младите за живот без родово и семејно насилство. Учениците од VII до IX одделение од ЦУ Вратница и ПУ Јажинце се вклучија во акцијата „Засади дрво - засади ја својата иднина“. Тие заедно со своите наставници засадија по неколку садници на одредената локација во с. Рогачево. Членовите на Литературната секција на ОУ „Симче Настовски“ од ЦУ Вратница и ПУ Јажинце учествуваа на литературниот конкурс на библиотека „Светлина - Дрита“ од с. Прељубиште. Учениците ги прочитаа своите лични творби пред жири комисијата, а потоа беа доделени награди и пофалници за најдобрите учесници. 3 декември - Денот на хендикепираните, во ОУ „Симче Настовски“ - Вратница беше прославен под мотото „Другарство“. На почетокот беа прочитани лични творби, а потоа беше организирана ликовна работилница на учениците од Посебната паралелка заедно со нивните другарчиња од другите одделенија. Прославата беше збогатена со присуството на градоначалникот на Општина Јегуновце, Тони Коцески, кој на учениците со посебни потреби им подари пригодни подароци. |
Категории
All
Архива
March 2024
|